
Финансии за нефинансиери
Без разлика на струката секој поединец во деловниот свет треба да има минимум основни познавања од областа на финансиите. Финансиите се основата на секој бизнис. Проширување на знаењето во областа на финансиите со концепти, техники, како и значењето на истите во функционирањето на бизнисот е суштинско за успешно работење.
Стекнете се со компетитивни вештини и знаења од областа на финасиите. Запознајте ги основните концепти и значењето на финансиските планови.
“Финансиите се како шесто сетило -неможете да ги употребите останатите пет без финансии.”
William Somerset Maugham
Дел од она што ќе го научат учесниците:
- Финансиите и компанијата
- Финансиски институции и пазари
- Комуницирање преку финансиски извештаи
- Финансиски извештаи и анализи
- Најважни финансиски концепти
(улога на временската вредност, ризик и принос, каматни стапки) - Финансиски планови – долгорочни (стратешки) и краткорочни (оперативни)
Цели и придобивки од тренинг програмата:
- Подобро разбирање на целта и поврзаноста на финансиските извештаи
- Стекнување вештина за читање и интерпретирање на финансиски извештаи
- Проширување на знаењето во областа на финансиите со концепти, техники и алатки за правење финансиски анализи
- Дополнување и освежување на постоечките знаења за финансии и сметководство
- Полесно комуницирање во финансиско-сметководственото окружување
Тренинг програмата е наменета за:
- Управувачки менаџмент
- Комерцијалисти
- Сопственици на компании
- Претприемачи
Контактирајте нè за дополнителни информации за изведба на обуката.
















