
Финансиски анализи и планирање
Финансиите се основата на секој бизнис. Проширување на знаењето во областа на финансиите со концепти, техники и алатки за правење финансиски анализи не само што е неопходно туку претставува и област во која што постојано треба да се подобруваме.
Стекнете се со компетитивни вештини и знаења од областа на финасиите. Запознајте се со методите за планирање и проектирање на финансиски извештаи. Откријте како да ги презентирате вистинските финансиски информации на вистински начин.
“Добар финансиски менаџер може да направи голема разлика во работењето. На пример, кога Џером Јорк премина од позицијата CFO во IBM на позицијата CFO во Chrysler, акциите на Chrysler заработија 1.3 милијарди долари следниот ден.“
Дел од она што ќе го научат учесниците:
- Употреба на информациите од сметководство и финансиски извештаи
- Алатки и техники на финансиски анализи
(вертикална, хоризонтална, тренд, DuPont) - Детално толкување на годишен извештај
- Сметководство на менаџментот
- Класификација на трошоци и нивна употреба
- Анализа на трошоци-обем-профит
- Основни алатки за планирање и проектирање (оптимизација на обртни средства, готовински буџет)
- Контролирање на трошоци и анализа на отстапувања
Цели и придобивки од тренинг програмата:
- Проширување на знаењето во областа на финансиите со концепти, техники и алатки за правење финансиски анализи
- Осознавање кои финансиски информации им се потребни на менаџерите и на кој начин е потребно истите да им бидат презентирани
- Полесно користење на финансиските информации за планирање
- Запознавање со методи на планирање и проектирање на финансиски извештаи
- Стекнување со компетитивна предност во знаењето во областа на финансиите
Тренинг програмата е наменета за:
- Финансиски менаџери
- Сметководители
- Управувачки менаџмент
- Сопственици на компании
- Претприемачи
Контактирајте нè за дополнителни информации за изведба на обуката.
















