
Герила маркетинг и продажба
Револуционерниот систем на герила пристапот Ви го опишува арсеналот на оружја за маркетинг и продажба, во форма на обука која Ви ги открива моќните тајни на маркетингот и продажбата во нивна практична форма.
Конкуренцијата веќе се бори да превземе што е можно повеќе клиенти. Возвратете со Герила маркетинг и продажба. Дајте му на Вашиот тим неконвенционални стратегии и тактики кои се креативни, проверени и недвосмислено ефективни.
"Бидете уверени дека секоја промена може да значи пари во Вашиот живот - ако научите нешто за неа и ако направите нешто во врска со неа."
- Jay Conrad Levinson
Дел од она што ќе го научат учесниците:
- „Оружјата“ на герила маркетингот
- Герила маркетинг план
- Герила адвертајзинг
- Герила маркетинг стратегија
- Револуционерен систем за продажба
- Фаза на потреба
- Фаза на градење приоритет
- Фаза на градење спремност за купување
- Фаза на презентација и трансакција
- Фаза на наградување и герила следење
Цели и придобивки од тренинг програмата:
- Осознавање и градење на маркетиншкиот идентитет на производ
- Откривање на најдобрите начини за промовирање
- Развивање на способност за употреба на 100-те герила маркетинг оружја
- Развивање и употреба на комплементарен систем на продажба - герила продажба
- Интегрирање на маркетингот и продажбата
Тренинг програмата е наменета за:
- Вработени во маркетингот
- Акаунт менаџери
- Претприемачи
- Продавачи и продажни агенти
- Клиент директори
Контактирајте нè за дополнителни информации за изведба на обуката.
















