
Герила Start-Up бизниси
Што откако ќе го дефинирате и започнете својот бизнис, што откако ќе ги поставите целите и ќе ја обезбедите потребната опрема? Секој успешен бизнис се базира на познавање на вистината. Дали Вие ја знаете Вашата вистина: што претставува мојот производ (или услуга) и како да го продадам на моите купувачи?
Потребни Ви се алатки за успех - алатки кои ќе Ви овозможат чекор по чекор да го пораснете својот бизнис. Герила за start-up бизниси програмот ќе Ви ги открие моќните алатки и начини како да го остварите Вашиот бизнис сон.
“Невозможно е да победите во трката доколку не сте храбри да истрчате. Невозможно е да победите во бизнисот доколку не сте храбри да се борите, но потребно е и да знаете како да го сторите тоа.“
- Jay Conrad Levinson
Дел од модулите во оваа програма:
- Дефинирање на производот и таргет групата
- Дизајнирање на маркетиншкиот живот на производот
- Герила маркетинг оружја - дефинирање на пакувањето на производот, брошура, реклама, визит карта, продажно писмо
- Герила маркетинг на Интернет - дефинирање на веб страна
- Герила продажба по телефон
- Револуционерен систем на герила продажба
- Герила стратегија и унапредување на резултатите
Цели и придобивки од тренинг програмата:
- Осознавање на околностите во кои функционира start up бизнисот
- Декодирање на купувачите - како тие размислуваат и што е пресудно за да купат
- Подесување на бизнис алатките за продажба на производот
- Дефинирање на неопходните медиуми кои го олеснуваат промовирањето на производот
- Стекнување на вештини за успешна продажба по телефон и продажба “лице во лице“
- Стекнување на знаење за тоа како да победите во првите години на вашето бизнис постоење и да го остварите посакуваниот профит
Тренинг програмата е наменета за:
- Сопственици на мали бизниси
- Претприемачи
- Сите што планираат да отворат сопствен бизнис
Контактирајте нè за дополнителни информации за изведба на обуката.
















