Страници за успех
Вашето име:
Вашиот e-mail:
Име на пријател:
E-mail на пријател:

Герила маркетинг програм

ЕДИНСТВЕНА ЛИЦЕНЦИРАНА МАРКЕТИНГ ОБУКА - ДИРЕКТНО ОД ТАТКОТО НА ГЕРИЛА МАРКЕТИНГОТ, ГОСПОДИНОТ JAY CONRAD LEVINSON



Герила маркетинг™ е најпродаваниот маркетинг бренд во историјата. Авторот на Герила маркетинг - господинот Jay C. Levinson, е човекот кој работел на најуспешните брендови во историјата, брендови како: Marlboro, Apple, Visa, Adobe, Procter & Gamble, Bank of America, Hewlett-Packard, Microsoft, Citicorp, Chrysler Corporation, Honda, Nissan, Mercedes, Volvo, Hyatt, Holiday Inn и многу други.

Со своето појавување, Герила маркетингот од корен ги промени маркетиншките стратегии на сопствениците на бизниси, овозможувајќи им да остварат максимален профит и јакнење на брендот со минимални инвестиции и извонредно мали трошоци. Најнапред беше наменет за малите фирми, а сега веќе е концепт што го применуваат и најголемите светски компании.

Jay Conrad Levinson со години го предавал Герила маркетингот на Универзитетот на Калифорнија во Беркли, каде негови студенти биле оние кои ги изградија империите Apple, Microsoft, Hewlett-Packard и основаа многу компании кои се дел од Fortune 500 компаниите.Оттогаш, Герила маркетинг™ се изучува како задолжителна материја на MBA програмите ширум светот.

Герила маркетинг™ е револуционерен систем кој ја пополнува празнината што ја остави традиционалниот маркетинг. Тој ги нуди решенијата за тоа како со минимален буџет да остварите максимален профит, и се базира на инвестирање на време, енергија, имагинација и знаење наместо голем маркетинг буџет.

Triple S Lеarning по остварениот успех и демонстрираната перформанса беше одбран од страна на Guerrilla Marketing Business University, да ја застапува Герила маркетинг™ програмата како единствен лиценциран провајдер на територијата на Македонија, Србија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Косово и Албанија.

Ве покануваме да откриете како да инвестирате помалку, добиете повеќе и остварите значаен профит. Ве покануваме да ги откриете тајните на Герила маркетингот - најпознатиот маркетинг бренд во историјата.


Дознајте што ќе научите на трите обуки кои се дел од Герила маркетинг™ програмот:

Герила маркетинг
Герила маркетинг и продажба
Герила маркетинг за start-up бизниси


Контактирајте нe! Triple S Learning ќе Ви помогне во остварувањето на Вашите маркетинг и продажни цели ...

Добијте БЕСПЛАТНИ КОНСУЛТАЦИИ на: 02 3112 048.

Отворени обуки
Услуга кон клиентите
Продажни вештини
Герила маркетинг програм
Менаџмент
Комуникациски вештини
Финансии
Човечки ресурси
developed by ImaginativeAdvertising