
Јавен настап
Уметноста на добриот јавен настан значи намерно стимулирање на значења во умот на другиот. Тенденцијата за позитивен став на другите кон нас најчесто зависи од нас самите и сопствената презентација во јавност. Развивање на вештините за успешно говорење се стратешка предност и овозможуваат мотивирачки однос на околината кон нас. Говорењето во јавност не е талент туку е занает кој се учи и усовршува.
“За секоја една минута јавно говорење, потребен е еден час подготовка.“
Wayne Burgraff
Дел од она што ќе го научат учесниците:
- Совладување на стравот и тремата пред јавен настап
- Правилна употреба на глас и дикција
- Правилна употреба на говорот на тело во презентирње
- Развој на самодовербата и сигурноста во настапот
- Учење на техники за подготовка на говор и презентација
- Шема, композиција или редослед на говорот (излагањето)
- Реакција на забелешки, прашања и напади
- Психолошки алат во анализа на публика
- Препознавање на надостатоците во говорот
- Внимание, перцепција и визуелизација
- Избегнување на типичните грешки во јавните настапи
- Подготовка за ТВ настап
- КИСС формула
Цели на обуката
- Да имате поедноставна комуникација со лицата во непосредната работна околина и широката јавност
- Да имате успешно медиумско претставување со кое се претставувате себе си и компанијата за која работите
- Развој на комуникикациските вештини
- Да го совладате стравот од јавноста и јавните настапи
- Успешен телевизиски настап
Тренинг програмата е наменета за:
- Лица на раководни позиции на различи нивоа
- ПР професионалци
- Сопственици и претприемачи
- Менаџмент консултанти
- Владини службеници
- Менаџери и одговорни лица за кадровски прашања и маркетинг
- Студенти
- Медиумски работници
Контактирајте нè за дополнителни информации за изведба на обуката.
















