
ПРОГРАМИ:
Концепт
Кога компанијата има поставено цели, потребни се соодветни ресурси за остварување на истите. Грижата за соодветниот квалитет на ресурсите, доведува до прашањето за перформансата на човечките ресурси - дали нивните способности и капацитети се во линија на остварување на целите? Дополнително, и кога работните вештини се присутни, истите треба да се одржуваат и унапредуваат. Со ова се олеснува остварувањето на целите и секако, се зголемува задоволството и лојалноста на вработените. Ова недвосмислено ја потенцира потребата од тренинг на вработените.
Имајќи во предвид дека секоја компанија работи во специфични услови кои се нејзини фактори на успех, неизбежно е да се заклучи дека, исто така, секоја компанија има и специфични решенија за успех. Искуството покажува дека е така. Компанијата е повикана да го открие нејзиниот микс на решенија кои се клучот на успехот. Triple S Learning помага да се дизајнира и постигне вистинскиот микс на вештини преку спроведување на специјално дизајнирани тренинг програми - програми скроени токму според реалните потреби на компанијата во форма на In-house обуки.
Следно:
















