Страници за успех
Вашето име:
Вашиот e-mail:
Име на пријател:
E-mail на пријател:

ПРОГРАМИ:

Методологија

Обуките се прилагодуваат според Вашите специфични бизнис потреби. Програмата се гради според ADDIE моделот со што се добива содржина која соодвествува на конкретните потреби на Вашите вработени, со што се постигнуваат највисоки резултати.

Персонализирањето на обуката се врши преку состанок со менаџментот на Вашата компанија за да се дефинираат конкретните потреби и цели. Потоа предавачот остварува интервју со вработените или посета на продажните единици на Вашата организација, во секојдневна работна атмосфера, за директно да ја согледа интеракцијата на вработените со купувачите и да ги утврди слабите страни и конкретните проблеми на вработените со цел тие ефективно да се вклучат како дел од обуката.

Преглед на фази на испорака на персонализирана обука:

  • Секој учесник за време на тренинг сесијата користи работна тетратка која и дава дополнителна вредност на самата обука. Работната тетратка содржи тестови за само-проценување во секоја област од тренингот кои традиционалното „Јас го знам тоа„ го претвораат во стратегија за 21 век “ Колку сум добар јас во тоа?“. Работната тетратка по завршувањето на обуката останува како водич за реализирање на проекти, секојдневните интеракции со клиентите, претпоставените и колегите.
  • Triple S Learning го поддржува концептот на интерактивен тренинг кој им овозможува на вработените да го поделат искуството на своето работно место, како и нивната сопствена филозофија, поврзана за точката која се дискутира. Тоа се одразува како мотиватор кој овозможува мулти - димензионално едукативно искуство за сите.
  • Во однос на учењето кај возрасните, праксата не научи дека возрасните примарно се фокусираат на единечен концепт, интегрирање нови идеи од постоечкото знаење и уживаат да партиципираат во проекти кои се базираат на учење, како на пример играње на улоги и групни вежби.
  • Оваа обука ќе ги постави учесниците во различни улоги, со цел да се постигнат работните задачи на обуката, без разлика дали се работи за симулации или презентации кои содржат пишани задачи.
  • После комплетирањето на тренингот, на Ваше барање доставуваме тестови преку кои може да се евалуира знаењето на вработени врз база на програмата која ја изучувале за време на тренингот.

Генерални карактеристики на обуките:

Тема Податоци Дополнување
Времетраење 14 часа (2 дена) Може да биде прилагодено за да ги пресретне временските ограничувања
Содржина 8 Модули Тоа е целосна формула за успех во конкретната обука. Бројот на модули се прилагодува.
Методологија Интерактивност Содржи активности за максимално прифаќање и примена научените техники и вештини
Работна тетратка 1 на учесник Водич, по завршениот тренинг, за секојдневните ситуации и предизвици на работата
Ефективност 98% 2% од луѓето одбиваат да се променат


Следно:


Отворени обуки
Услуга кон клиентите
Продажни вештини
Герила маркетинг програм
Менаџмент
Комуникациски вештини
Финансии
Човечки ресурси
developed by ImaginativeAdvertising