Страници за успех
Вашето име:
Вашиот e-mail:
Име на пријател:
E-mail на пријател:
Michael Bergdahl LIVE in Skopje

Michael Bergdahl LIVE in Skopje


Со задоволство Ве покануваме на Првиот Форум за Малопродажба во Скопје, на кој еден од најуспешните говорници – практиканти на денешницата, Michael Bergdahl, човекот кој раководел со Wal-Mart, ќе ги сподели тајните на успешниот бизнис модел за малопродажба и дистрибуција, кои го направија Wal-Mart најголем и најпрофитабилен малопродажен ланец, а неговиот основач – Сем Волтон најбогат човек на светот.

На форумот во организација на Triple S Learning и Humanopolis, на кој ќе се сретнат лидерите и менаџерите на компании чии бизниси се темелат на малопродажба и дистрибуција, Michael Bergdahl, светски докажаниот експерт во оваа област, на кој CNN му го додели епитетот ‘гуру за зголемување на обртот и растот, ќе понуди одговори и решенија на најпрактичните предизвици со кои секојдевно се среќаваат менаџерите од оваа област: лансирање и маркетирање на нови производи, организирање на дилери и вендори,  зголемување на продажбата, мерчендајзинг, изнаоѓање конкурентски предности, политика на цени и услуга, стратегии за зголемена профитабилност.

Овозможете и на Вашата компанија, себеси и на Вашите вработени да согледате како да делувате во денешната бизнис средина, да ги предвидите потребите на модерниот купувач, да го унапредите и изградите Вашиот дистрибуциски и малопродажен ланец во високо ефикасен и профитабилен механизам, да дискутирате за реалните предизвици во секојдневната трговија, на Првиот форум за малопродажба на тема:

“Современи продажни и маркетинг тактики за малопродажба и дистрибуција”

со Michael Bergdahl, најистакнатиот светски гуру и практичар за малопродажба и дистрибуција, човекот кој раководеше со Wal-Mart и Pepsi и автор на бестселинг книги



Што кажаа другите за предавањата на Michael Bergdahl:

“Вашата моќна порака ги инспирира нашите акаунт менаџери на начин кој не сме го доживеале претходно. Беа окупирани со идејата дека нивните акции и договори со дистрибутерите можат толку да влијаат на растот на компанијата, што не ги испуштаа телефоните од раце. Следниот квартал ни беше најуспешен оваа деценија.”“.
Edward Ray, Head of National Sales, Coca-Cola Russia


“Не се сеќавам кога претходно предавач го задржал вниманието на 300 менаџери за маркетинг и продажба, држејќи ги фокусирани цели 3 часа.“.
Jim Barr, CEO, Nationwide Insurance


“Уживавме во секој момент од презентацијата на Michael. Нашите вендори и дилери сеуште ни праќаат честитки и маилови со благодарност што ги поканавме на Вашиот говор.“.
Kreta Chandler, Executive Manager, Hewlett-Packard



ПРОГРАМА

"RETAIL FORUM – Современи продажни и маркетинг тактики за малопродажба и дистрибуција"

09:00 – 09:30 Регистрација на гостите
09:30 – 09:45 Отворање на настанот
09:45 – 11:15 Оперативни стратегии за успех – логистика, дистрибуција и тактики за зголемена продажба
11:15 – 11:30 Вашиот Бизнис - powered by BlackBerry
(г. Митко Цабевски - продукт маркетинг менаџер
за иновации VIP Оператор)
11:30 – 12:00 Кафе пауза
12:00 – 13:30 Промоција и маркетинг во малопродажбата за современиот купувач
13:30 – 14:15 Ручек
14:15 – 15:45 Компетитивни предности – стратегии за цени и услуга
15:45 – 16:15 Прашања и одговори со Michael Bergdahl
16:15 – 17:15 VIP Networking коктел заедно со Michael Bergdahl


Бидете дел од централниот бизнис настан оваа сезона!

Слушнете ги тактиките и тајните на успешното и профитабилно работење на малопродажни и дистрибуциски ланци, кои може веднаш да ги употребите и да ги претворите идеите во пари.

Време: 27 Ноември 2009 г., 09:00 - 17:00 часот  

Локација: Конгресен Бизнис Центар – Скопски Саем


.: ЗА КОГО Е НАМЕНЕТ:

  • Менаџери и вработени на компании чии  бизниси се темелат на малопродажба и дистрибуција:
  • Менаџери за маркетинг, мерчендајзери, бренд менаџери:
  • Менаџери за Продажба, Акаунт менаџери:
  • Претприемници од мали и средни трговски претпријатија:
  • За сите оние кои се ориентирани кон раст и резултати и кои сакаат да ги постигнат и надминат своите годишни планови.

.: Што добиваат учесниците на форумот:

  • Понекогаш само една практична идеја може драстично да влијае на успехот на Вашата компанија. Добијте увид на бизнис моделот и тактиките за успех на најуспешниот и најпрофитабилниот малопродадажен ланец во светот, кои можете веднаш да ги примените и во Вашиот бизнис и да ги претворите во пари.
  • Промоција на Вашата компанија – Лого и кратка реклама на Вашата компанија ќе биде поставена на официјалната брошура на форумот.
  • Networking – Запознајте ги Вашите потенцијални клиенти, дистрибутери и бизнис партнери, на местото каде што ќе се сретнат најиновативните лидери од малопродажниот сектор.

Цени на карти
Regularna kotizacija VIP kotizacija
8.590 ден. 10.500 ден.
* Бројот на ВИП карти е органичен на 20.
  • Учество на целодневно предавање на Michael Bergahl – обезбеден Сертификат
  • Работни Материјали
  • Обезбеден ручек и освежување
  • Учество на целодневно предавање на Michael Bergahl со место за седење во првите редови – обезбеден Сертификат
  • Учество на VIP networking коктелот
  • Работни Материјали
  • Обезбеден ручек и освежување

*  Во цените не е пресметан ДДВ од 18%

 

За дополнителни прашања и информации контактирајте не на konferencii@tripleslearning.com или 02/3112 048 или 02/5208 826.

 


Организатори:

TripleS Learning humanopolis

Спонзори:

Штедилница можности Прилепска Пиварница

Ексклузивни медиумски партнери:

КАПИТАЛ Akzent Media Прилепска Пиварница

Кетеринг партнер:

Alpha Group

Дистрибуциски партнер:

Together


Отворени обуки
Услуга кон клиентите
Продажни вештини
Герила маркетинг програм
Менаџмент
Комуникациски вештини
Финансии
Човечки ресурси
developed by ImaginativeAdvertising