Страници за успех
Вашето име:
Вашиот e-mail:
Име на пријател:
E-mail на пријател:
Michael Bergdahl LIVE in Skopje

Michael Bergdahl LIVE in Skopje




RETAIL СОВЕТИ ДИРЕКТНО ОД WAL-MART И PEPSI


По гостувањето на Brian Tracy, Jonas Ridderstrale, Jay Conrad Levinson и Rowan Gibson, во Скопје, на Скопски саем,  настапи и еден од најуспешните говорници – практиканти на денешницата, Michael Bergdahl, човекот кој раководел со Wal-Mart и PEPSI.

Господинот Bergdahl настапи во рамки на Првиот Форум за Малопродажба со наслов “Современи продажни и маркетинг  тактики за малопродажба и дистрибуција“ во организација на Triple s Learning и Humanopolis.

По првиот распродаден датум - 27.11, се одржа и втор настап на 28.11.2009. Учесниците - во голем дел лидери и менаџерите на компании чии бизниси се темелат на малопродажба и дистрибуција, менаџери на познати македонски компании, вработени во продажба, маркетинг, истражување и развој, и претпиемачи имаа можност да слушнат за: лансирање и маркетирање на нови производи, организирање на дилери и агенти, зголемување на продажбата, мерчендајзинг, изнаоѓање конкурентски предности, политика на цени и услуга, стратегии за зголемена профитабилност.

Со својот анимативен настап, харизматичниот Michael Bergdahl ги откриваше тајните на успехот во малопродажбата и ретајлингот.

Во неформалниот дел од конференцијата учесниците имаа можност да се дружат и да остваруваат контакти - меѓусебно, но и со г-динот Bergdahl.

При крајот на конференцијата тој во интерактивна сесија одговараше на конкретни прашања од публиката, дополнително откривајќи детали од својот продажен концепт. Како изненадување на самиот крај, на дел од учесниците, организаторот Triple S Learning додели подарок-изненадување - бизнис книга на македонски јазик од најновите изданија на единствениот издавачкиот центар за бизнис литература - PUBLISHER.

Им благодариме на сите кои покажаа интерес и беа дел од ПРВИОТ RETAIL ФОРУМ. Им благодариме на сите кои остварувајќи ја својата визија се дел од нашата визија - да внесеме позитивна промена во начинот на деловното работење и живеење.

Ве очекуваме на гостувањето на нови атрактивни говорници и познати светски гуруа од светот на бизнисот кои следат.

Продолжуваме понатаму - заедно...



Michael Bergdahl LIVE in Skopje

Michael Bergdahl LIVE in Skopje

Michael Bergdahl LIVE in Skopje



Отворени обуки
Услуга кон клиентите
Продажни вештини
Герила маркетинг програм
Менаџмент
Комуникациски вештини
Финансии
Човечки ресурси
developed by ImaginativeAdvertising