
Односи со јавноста
Односите со јавност се процес од активности, алатки и промени кои работат во насока на остварување на Вашите бизнис цели. Тие се составени од планирано комуницирање - внатрешно и надворешно (во работната организација и нејзината јавност) и се сметаат за една од стожерните алатки кои ги користат напредните компании поради постигнување на специфични цели.
“Сето она што го правиме или кажуваме е односи со јавноста!“
Philip Crosby
Дел од она што ќе го научат учесниците:
- Зошто се важни односите со јавност?
- Која е нивната улога во вашата работа?
- Како да осмислите комуникациска стратегија? Кои алатки Ви се достапни?
- Како да напишете соопштение? Како да подготвите прес конференција?
- Како да организирате настан?
- Како до успешен телевизиски настап? Вербален и невербален говор.
- Анализа и евалуација на односите со јавност.
Цели и придобивки од тренинг програмата:
- Поедноставна комуникација во компанијата бидејќи и вработените сакаат да Ве чујат
- Дефинирање на јавноста на која и се обраќате
- Поуспешно медиумско претставување и подобро организирана медиумска кампања
- Придобивање на медиумите на Ваша страна
- Развој на комуникикациските вештини
- Совладување на стравот од јавноста и јавните настапи
Тренинг програмата е наменета за:
- Сопственици и претприемачи
- Менаџмент консултанти
- Маркетинг менаџери
- Маркетинг агенти
- Портпароли и сите кои сакаат да се занимаваат со односи со јавност и комуникации
Контактирајте нè за дополнителни информации за изведба на обуката.
















