
Препораки:
| Приказни за постигнатиот успех T - Mobile Македонија „За да се одржи нивото на успешно работење и истото постојано да се подобрува и унапредува покрај останатите услови и активности, во T-Mobile Македонија АД Скопје се посветува значително внимание на обуката и развојот на вработените. При реализација на обуките на своите вработени T-Mobile Македонија АД Скопје довери еден сегмент на Triple S Learning од Скопје. Обуките во организација на Triple S Learning беа подготвени и реализирани со високо ниво на посветеност, темелност и професионалност. Обучувачите на Triple S Learning се соодветно обучени, професионални, пријатни и секогаш расположени за соработка. За време на соработката која започна во 2006 година Triple S Learning одржа две обуки за Напредни комуникациски вештини и три обуки за Преговарање за вработените на T-Mobile Македонија АД.“ Теодора Хаџи Димова Танаскиска - Извршен директор за правни работи и човечки ресурси NLB Тутунска Банка „Би сакал да ви го пренесам задовлството на нашиот тим од дводневната обука Train the Trainers . Ни беше откриена моќна методологија на пренесување на знаење, за која се уверивме дека во пракса дава извонредни резултати. По обуката, тимот на тренери се стекна со вештина и самодоверба во справување со различни типови на луѓе. Впечатлива беше енергијата што нашиот тим ја имаше по обуката Услуга кон купувачите , и тоа што особени ни значи, е дека нашите купувачи го почувствуваа тоа. Ви благодариме што ни помогнавте да го унапредиме нашето работење за што со задоволство би ве препорачале на други соработници.“ Драган Тасевски - Раководител на Служба за стратегија и развој Automobile SK (FIAT, LANCIA, ALFA ROMEO) „После обуката Тајни за успех во продажбата вработените станаа многу помотивирани, ентузијастични за своите производи и полни со нови идеи. Секое утро нудеа креативни решенија за работи кои дотогаш само рутински ги работеле. Нашата продажба во првиот квартал од 2006 година е за 30% повисока од првиот квартал во 2005 година.“ Ана Бураку - Директор Штедилница "Можности" „Согласно нашите цели да го унапредиме нашиот бизнис и да го подобриме перформансот на нашите вработени во областите на продажба и услуга кон клиентите "Можности" соработува со тренинг центарот Triple S Learning, кој ја спроведе обуката "Продажба на финансиски производи и услуги" , што им овозможи на нашите вработени дополнителни вештини во продажбата и услугата. Исто така, обуката "Услуга кон клиентите" ни помогна да ја подобриме нашата услуга кон огромен број наши клиенти. Сигурни сме дека тренинг програмите на Triple S Learning можат да дадат огромна вредност за нашата економија.“ Сузана Костова - Менаџер за човечки ресурси Oriflame „Согласно со нашите вредности и оперативни принципи меѓу кои први се „Почит кон луѓето“ и „Фокусирањето на клиентите“ решивме да ги „наполниме батриите“ со тренингот за „Услуга кон клиентите“ Дводневната обука имаше извонреден позитивен ефект на секој од учесниците, на работната атмосфера, мотивираноста, на изградениот позитивен ментален став и сплотувањето на тимот. Им благодарам на предавачите на Triple S Learning за крајно професионално изведената обука. Oriflame се грижи за професионалното и лично усовршување како на своите вработени така и на консултантите за убавина и сигурен сум дека и понатаму ќе ја продолжиме соработката со Triple S Learning.“ Зоран Блажевски - Operations Manager Delta Sport (NIKE) „Како вовед би сакале да кажеме дека соработката со вашиот центар и користењето на вашите услуги беше една од подобрите одлуки на нашата фирма која благодарејќи на вашиот неисцрпен ангажман и современи методи на работа дефинитивно го подобрија начинот на пристап на нашите вработени кон работата. Тоа исто така резултираше со зголемена продажба и подобрен сооднос помеѓу вработените. Со други зборови едно големо благодарам за се што сторивте за нас.“ Игор Милојевиќ - Директор Lesnina Inzenering „Следејќи ги новите трендови и поаѓајќи од фактот дека стариот начин на продажба повеќе не функционира, во текот на изминатата година се фокусиравме на создавање на подобра продажна сила, се во насока кон поквалитетно задоволување на потребите на нашиот ценет купувач. За таа цел остваривме контакти кои подоцна прераснаа во квалитетна соработка со Triple S Learning, на кои од се срце сакам да им кажам едно големо БЛАГОДАРАМ! Преку обуките Тајните за успех во продажбата , Triple S Learning ни помогна да го одржиме перформансот на вработените на највисоко ниво, во поглед на продажните вештини, услугата која ја нудиме на нашите купувачи, проактивноста и позитивниот став. Продолжуваме понатаму, вработените се духот на нашата компанија, а купувачите се причината поради која постоиме. Продолжуваме со Triple S Learning, на кои искрено сакам да им посакам многу успех и се најубаво.“ Кристина Стрезоска - Комерцијален директор ProMedia - HP Store „Имам прилика многу да експериментирам заради тоа што имам многу директни средби со клиенти дневно, испробав некои финти од тренингот и сум презадоволен од резултатите (нормално зборам финансиски). Затворив неколку добри џопчиња овие два дена. Ако сакате процент јавете ми се :-)“ Александар Петрески - Сопственик Globus Internacional (Blue cafe и Fresh) „Кумулативниот ефект од спроведените обуки Услуга кон купувачите и континуираното сппроведување на Mystery Shopping во еден релативно краток период овозможи создавање на синергија која го претставуваше првиот свиок на спиралата која не води од стресната дневна рутина кон вистинската природа на луѓето изразена преку нивната добронамерност, желба за напредок, оптимизам и среќа.“ Емил Стефков - Директор „По извршените обуки сите повеќе ја засакаа својата работа. Сега атмосферата е извонредна Ви благодарам на сe.“ Шеф на објект „Со позитивниот став ми помогнавте да го потиснам мојот негативен став и страв до стигнување и искачување на скалата за успех. Сега се чувствувам спремна да ги остварам моите цели и да пристапувам пријателски кон околината.“ Олгица Соколоска - Студент по менаџмент на Економскиот Факултет |
















