
Презентациски вештини
Секој кој е соочен со предизвикот да претстави одредена идеја, проект, извештај или обука потребно е да поседува презентациски способности. Од начинот на кој ја испорачувате пораката може да зависи вашиот успех или неуспех.
Дознајте како да го скратите времето за подготовка на презентацијата, да го смалите стресот, како да направите впечатлив вовед, како да испорачате моќна порака.
Откријте како да направите презентација за паметење...
"Секогаш постојат три верзии на презентации за секоја што ја испорачувате. Првата што ја вежбавте, втората што ја испорачавте и третата што сакавте да ја испорачате."
Dale Carnegie
Дел од она што ќе го научат учесниците:
- Интро за презентација
- Подготвување на презентации
- Ефективно отпочнување и завршување на презентации
- Фокус на презентерот
- Фокус на публиката
Цели и придобивки од тренинг програмата:
- Познавање на правилниот пристап при презентирањето
- Владеење на процесот за подговотвка на ефективна презентација
- Коректен однос кон публиката и употреба на правилен хумор
- Правилно насочен фокус за време на презентирањето
- Постигнување на целите на презентацијата
Тренинг програмата е наменета за:
- Сите оние што презентираат или во иднина ќе презентираат нешто
Контактирајте нè за дополнителни информации за изведба на обуката.
















