
Проценка на перформансата кај вработените
За да се согледа во која мера вработените ги извршуваат своите работни задачи мора да се процени нивната перформанса. За една проценка на перформансата да биде ефикасна, вработените мора да ја сфатат како процес кој е во сооднос со нивните потреби. Во спротивно процесот нема да ги постигне саканите резултати.
Запознајте се со важноста на едно вакво мерење и уделот на процесот на проценка на перформансата во успешното работење на компанијата. Измерете го и унапредете го перформансот!
Факти:
- Голем дел од вработените не можат да ја согледаат својата улога во организацијата
- Повеќето организации немаат воспоставен систем за проценка на перформансата кај вработените
- Многумина од менаџерите, раководителите, шефовите не знаат на кој начин да дадат фидбек на вработениот
Дел од она што ќе го научат учесниците:
- Зошто е важно мерењето на перформансата?
- Видови на перформанса
- Поставување на цели – SMART цели
- Техники за оценување
- Процес на оценување на изведбата
- Чекори за реализирање на интервју со вработениот за оценетата перформанса
- Психолошки аспекти во текот на оценувањето
Цели и придобивки од тренинг програмата:
- Вработените подобро да ја сфатат својата улога и на кој начин тие придонесуваат во организацијата
- Да се подобри отворената комуникација на релација вработен – претпоставен
- Вработените да станат свесни за своите јаки и слаби страни и начините за подобрување на својот перформанс
- Да се идентификуваат потребите за тренинг
- Да се идентификуваат пречките и проблемите на кои што се наидува во извршување на секојдневните бизнис процеси
Тренинг програмата е наменета за:
- Вработени во оддели за човечки ресурси
- Линиски менаџери
- Менаџери на мали фирми
- Раководители на сектори
Контактирајте нè за дополнителни информации за изведба на обуката.
















