
Стрес и конфликт менаџмент
Проблемите и конфликтите се дел од работното секојдневие, прашање е дали секогаш се избира идеалниот начин за решавање на истите. Вработените го чувствуваат работниот ден како напорен. Дополнително се оптоварени со различни притисоци и рокови. Тие се под СТРЕС. Поинаков е начинот на размислување, намален е балансот на емоциите, раздразливи се и лесно влетуваат во расправии, конфликтите се неизбежни...
Дознајте како да ги оптимизирате овие психолошки процеси.
Факти:
- 85% од вработените искусуваат конфликти на работното место
- 85% од луѓето успеваат да го променат својот пристап за решавање на проблемите во текот на животот
- 75% од популацијата барем двапати неделно искусува некаков стрес
- Работата е третиот најчест причинител за појава на стресот после смртните случаи и разводите
- ¼ од отсуствата на работното место се заради стресот кој го доживува личноста
Дел од она што ќе го научат учесниците:
- Причини за појава и настанување на конфликтите
- Конфликти на работното место
- Идентификување на лути соговорници
- Определување на стратегии за решавање на конфликти
- Техники за разрешување на конфликти
- Влијание на животните улоги во настанувањето на стресот
- Стресот на работното место
- Како човекот реагира на стресот
- Техники за релаксација
- Промена на животните навики
Цели и придобивки од тренинг програмата:
- Вработените да стекнат соодветни вештини за справување со конфликтните ситуации
- Да научат да ја изберат соодветната стратегија за решавање на проблемите
- Да научат како да го остават напорниот ден зад себе, како да се релаксираат, како да ја надополнат изгубената енергија
- Да научат како да ги вратат позитивните мисли
Тренинг програмата е наменета за:
- Сите оние кои сметаат дека се под стрес
- Вработени и индивидуи кои сметаат дека стресот им претставува препрека во извршувањето на секојдневните обврски
Контактирајте нè за дополнителни информации за изведба на обуката.
















