
Тајни за успех во продажбата
Вашиот успех во животот зависи од Вашата умешност да продавате. Секој живее продавајќи нешто. Луѓето продаваат или производ, услуга, идеа, информација или своите квалитети.
Резултатите од продажбата доживотно се чувствуваат. Откријте како да бидете најдобри во најкритичните моменти во продажбата. Дознајте како да ги постигнете највисоките цели што некогаш сте си ги поставиле во Вашата продажна кариера...
Продажниот персонал кој не е добро обучен:
- 62% не прашува за нарачка
- 86% поставува погрешни прашања
- 82% не се разликува од другите
- 99% не поставува вистински цели
- 95% многу зборува, малку слуша
Дел од она што ќе го научат учесниците:
- Правилата, тајните и забавата во продажбата
- Креирање на прв позитивен впечаток
- Идентификување на потребите на клиентот
- Успешно презентирање на производ/услуга
- Справување со приговори
- Затворање на продажбата
- Role Play вежби
- Дополнителни продажни техники
Цели и придобивки од тренинг програмата:
- Унапредување на продажниот перформанс
- Зголемување на продажните резултати
- Зголемување на мотивацијата и задоволството
- Примена на практични решенија од реалниот свет
- Унапредување на продажните техники и стилови
Тренинг програмата е наменета за:
- Продавачи
- Комерцијалисти
- Менаџери на комерцијални сектори
- Телефонски оператори за продажба
- Сите останати кои продаваат производ, услуга или идеја
Контактирајте нè за дополнителни информации за изведба на обуката.
















