Страници за успех
Вашето име:
Вашиот e-mail:
Име на пријател:
E-mail на пријател:

ПРОГРАМИ:

ТРЕНИНГ ЗА ТРЕНЕРИ


Тренинг процесот учи и обезбедува упатства за дизајнирање на процес како системски пристап кој овозможува развивање на тренинг и едукативни програми наменети за целни групи кои ќе ги пресретнат потребите на потенцијалните учесници на тренерите. Слушателите ќе бидат запознаени со ADDIE моделот кој содржи инструкции за дизајнирање на процес и претставува генерички модел како основа за многу дизајнирачки процеси кои се во употреба денес. Краткиот назив на моделот ADDIE упатува на секоја фаза од дизајнираниот процес на инструкции и во превод значи: Анализа, Дизајн, Развој, Имплементирање и Евалуација. Секоја функција содржи сет од специфични активности и алатки како и листа на членови за тимот кои ќе треба да бидат вклучени во проектот и листа на производи кои треба да произлезат од секоја фаза.

Тренинг процесот ги содржи следниве фази:
1. Основи на тренингот
2. Како учат возрасните
3. Запознавање со ADDIE моделот
- Анализа: Утврдување на генералните цели и подрачја на тренингот
- Дизајн: Карактеристики на учесниците, специфични цели, учење & стратегија за медиуми кои ќе се користат
- Развој: Произведување на инструкциите
- Имплементирање: Изведување на курсот
- Евалуација: Идентификување на постигнатиот успех и собирање на податоци
4. Реални тренинг ситуации
5. Тестирање и feedback

Резултати:

Тренерите ќе се стекнат со потребните техники и вештини за дизајнирање и изведување на курс соодветно потребите на нивните учесници.
 
 
Отворени обуки
Услуга кон клиентите
Продажни вештини
Герила маркетинг програм
Менаџмент
Комуникациски вештини
Финансии
Човечки ресурси
developed by ImaginativeAdvertising