
TSL Conference
Brian Tracy LIVE - ексклузивен спој на амбицијата и знаењето, на целта и стратегијата
На 28 ноември во Скопје, во организација на Triple S Learning, се одржа конференцијата – „Стратегии за максимизирање на профитот во 21-от век“.
Во преполната конгресна сала на х. Александар Палас, ексклузивниот гостин - американскиот бизнис гуру Brian Tracy, одржа целодневно предавање на кое ги сподели тајните како да се оствари супериорност во продажбата, како да се изгради моќен менаџмент и како да се постигне максимум остварување.
Учесниците - во голем дел менаџери на познати македонски компании, имаа можност да ги слушнат советите, начините и технологиите кои водат до максимизирање на профитот во услови кога постојат “повеќе продавачи отколку купувачи”, кога продавањето е покомплексно и бара поголем фокус и подготовка од било кога досега.
Во неформалниот дел од конференцијата учесниците имаа можност да се дружат и да остваруваат контакти - меѓусебно, но и со г-динот Tracy.
На крајот од конференцијата, во сесијата на прашања и одговори, се потврди желбата и спремноста на македонските менаџери да усвојуваат современи технологии на работење и да бидат најдобри во тоа што го работат.
Веќе следниот ден, на 29 ноември, Brian Tracy гостуваше во Белград, исто така во организација на локалното претставништво на Triple S Learning.
Г-динот Tracy, во преполната сала на Сава Центарот, им се обрати на српските бизнисмени и бизнисмените од соседните држави. И овој пат, Brian Tracy приреди ексклузивен настан на кој деловните аспирации на учесниците беа пресретнати од луцидноста на гостинот и увидите кои ги нудеше како решенија за остварување на нивните цели...
Им благодариме на сите кои покажаа интерес и беа дел од конференцијата. Им благодариме на сите кои остварувајќи ја својата визија се дел од нашата Визија - да се внесе позитивна промена во начинот на деловното работење и живеење.
















