Страници за успех
Вашето име:
Вашиот e-mail:
Име на пријател:
E-mail на пријател:

TSL Conference

Funky Business LIVE - провокативна перспектива на новиот светски економски поредок

Triple S Learning продолжува да ја реализира својата Визија - иницирање на промени и развој на луѓето, нивните компании и квалитетот на животот преку пренесување на технологиите на работење на светски најуспешните поединци и компании.  Најпрвин со Brian Tracy, а сега и со господинот Jonas Ridderstråle - светски највлијателниот менаџмент мислител и ко-авторот на светските бестселери FUNKY BUSINESS и KARAOKE CAPITALISM.

На 27 мај во Скопје, во организација на Triple S Learning, се одржа конференцијата: „Funky Business - Како да танцувате во современиот бизнис“.

Во преполната конгресна сала на х.Александар Палас, настапи ексклузивниот гостин - Dr. Jonas Ridderstråle, прогласен за најдобар европски мислител за 2005 година.  Со својот нестандарден, анимативен наспат често изнудуваше аплаузи од публиката, која го засака уште на самиот почеток.

Учесниците - во голем дел менаџери на познати македонски компании, имаа можност да слушнат зошто компаниите и организациите ќе мора да ги заживеат новите иновации, менаџмент и лидерство, со цел да го водат бизнисот во новото неконвенционално време.

Во рамки на првиот дел, Не имитирајте - иновирајте, тој опиша како бизнис школите, benchmarking-от и праксата имаат трансформирано дел од бизнис заедницата во супер-групација на караоке пресликувачки компаниии. Резултатот од традиционалниот пристап во менаџментот е дека времето покажува дека само одреден дел од компаниите го надминуваат својот зацртан индекс на профит. Иновативните корпорации знаат дека неконвенционалното време повикува на неконвенционални начини на водење на бизнисот – funky бизнис. Тие го користат својот интелектуален капитал за да ја креираат иднината.

Во вториот дел, Водење на луѓето до профит, Dr. Ridderstråle ја објасни матрицата на Funky Business-от. За остварување на Вашите соништа потребно е да го ангажирате сиот талент околу Вас и да знаете кои стратегии се издржливи во дерегулираната и глобализираната економија. Кога луѓето кои ги контролираат најкруцијалните ресурси на Вашата компанија – сопствените мозоци, не работат повеќе поради морални причини, нивното залагање нема да дојде автоматски само по себе. За да ги ангажирате нивните највредни ресурси потребно е да го издигнете нивниот психолошки капитал и да изградите организациско племе со огромен социјален капитал.

На крајот од својот настап Dr. Ridderstråle во интерактивна сесија одговараше на конкретни прашања од публиката, дополнително откривајќи детали од новиот funky свет.

Во неформалниот дел од конференцијата учесниците имаа можност да се дружат и да остваруваат контакти - меѓусебно, но и со г-динот Ridderstråle.

Особен печат на Конференцијата даде и панел дискусијата на кои учествуваа истакнати гости од македонскиот бизнис сектор кои дадоа свое мислење за тенденциите во деловното работење во насока на генерирање и применување на иновативни стратегии. Гостите говореа од позиција на сопсвеното бизнис искуство, што даде дополнителна вредност за публката и самиот настан.

Веќе следниот ден, на 28 мај, г-динот Ridderstråle гостуваше во во Љубљана, исто така во организација на локалното претставништво на Triple S Learning.

Dr. Ridderstråle им се обрати на словенските бизнисмени повторно приредувајќи ексклузивен настан на кој вешто се укажа на револуцијата која се случува токму сега - откривајќи како успешните корпорации се справуваат со промените на проактивен, систематски и иновативен начин, кој води кон зголемен профит.

Им благодариме на сите кои покажаа интерес и беа дел од Конференцијата. Им благодариме на сите кои остварувајќи ја својата визија се дел од нашата Визија - да се внесе позитивна промена во начинот на деловното работење и живеење.

Отворени обуки
Услуга кон клиентите
Продажни вештини
Герила маркетинг програм
Менаџмент
Комуникациски вештини
Финансии
Човечки ресурси
developed by ImaginativeAdvertising