
TSL Conference
Герила маркетинг и продажба – нов дострел во еволуцијата на маркетингот
По гостувањето на Brian Tracy и Jonas Ridderstrale (Funky Business), на 28-ми ноември, во Скопје, настапи и Таткото на герила-маркетингот, господинот Jay Conrad Levinson.
Елитната конференција со наслов "Герила маркетинг и продажба - со минимален буџет до максимален профит" ја организираше специјализираниот тренинг центар Triple S Learning како дел од својата визија за иницирање на промени и развој на луѓето, нивните компании и квалитетот на животот преку пренесување на технологиите на работење на светски најуспешните поединци и компании.
Со преку 600 учесници, ова е најпосетената конференција досега. Учесниците - во голем дел менаџери на познати македонски компании, вработени во маркетинг сектори, и претприемачи имаа можност да слушнат: што е потребно за еден маркетинг “напад“, како да ги мотивирате купувачите сами да доаѓаат кај вас, како герилците креираат емоции, 8 типа на герила-затворање на продажбата, герила начини за профитирање со едноставни тајни “оружја“...
Со својот анимативен настап, харизматичниот J.C.Levinson често изнудуваше аплаузи од публиката, која му го подари своето внимание уште од самиот почеток.
Во неформалниот дел од конференцијата учесниците имаа можност да се дружат и да остваруваат контакти - меѓусебно, но и со г-динот Jay.
При крајот на конференцијата тој во интерактивна сесија одговараше на конкретни прашања од публиката, дополнително откривајќи детали од својот герила концепт. Како изненадување на самиот крај, организаторот Triple S Learning додели подарок-изненадување на еден од учесниците.
Освен во Скопје, Jay C. Levinson гостуваше и во Белград (19 ноември), Загреб (25 ноември) и Љубљана (3 декември), исто така во организација на локалните претставништва на Triple S Learning.
Им благодариме на сите кои покажаа интерес и беа дел од Конференцијата. Им благодариме на сите кои остварувајќи ја својата визија се дел од нашата Визија - да внесеме позитивна промена во начинот на деловното работење и живеење.
















