Страници за успех
Вашето име:
Вашиот e-mail:
Име на пријател:
E-mail на пријател:

TSL Conference

Иновативни стратегии за раст и профит во услови на рецесија – како да се зголеми профитот во услови на глобална економска криза

Авторот на бизнис бестселерот „Иновација до корен“ и водечкиот експерт за бизнис иновација, г-динот Rowan Gibson пред македонската бизнис елита ги презентираше своите решенија и идеи како да се надмине рецесијата и уште повеќе, како да се профитра во услови на глобална економска криза.

Неговото општопризнаено искуство во оваа тема и експертизата во полето на бизнис иновации се веќе успешно докажани преку работата на г-динот Gibson со многу Fortune 500 компании. Македонската бизнис елита имаше непроценлива шанса да слушне многу практични совети, идеи и решенија уникатни по својата лесна применливост во секој бизнис сектор и во секаква бизнис клима. Ова искуство беше збогатено со можноста посетителите на оваа конференција да му поставуваат директни прашања на г-динот Gibson.

Трите сесии на конференцијата беа дизајнирани да го пружат оптималниот бизнис пакет како да се справиме со глобалната економска криза: целосен увид во стратегиите за победа во тешки економски времиња, иновација до корен: како да се претвори компанијата во лидер за иновации и со тоа да се зголеми продажбата во тековните економски трендови.

Елитната бизнис конференција го привлече вниманието и на медиумите, кои ја обележаа како „најдоброто решение за македонските бизнисмени во услови на рецесија“, истакнувајќи ја по бројот на споделени корисни и лесно применливи примери и искуства кои треба да ја збогатат и македонската бизнис заедница.

Г-динот Гибсон ја започна конференцијата со следнта реченица: „Во секоја економија постојат моменти на криза во продажбата или финансиски турболенции. Ќе ви покажам дека дури и економски најтешките времиња можат да претставуваат одлична шанса за напредок на вашиот бизнис и потиснување на конкуренцијата.“ Презентирајќи го неговиот бизнис изум „Четирите леќи на иновацијата“ (предизвикување на втемелените обичаи, применување на трендовите, мерење на способностите и адресирање на недопрените потреби) г-динот Gibson ја инспирираше публиката да „Бидете победници на 21-от век, и дури и во економски најтешките времиња бидете отворени за промени, постојано редефинирајте ја вашата индустрија, создавајте нови пазари, едноставно кажано: постојано предизвикувајте ја позицијата на статус кво.“

Освен во Скопје, г-динот Gibson гостуваше и во Белград (2 јуни) исто така во организација на локалното претставништво на Triple S Learning.

Им благодариме на сите кои покажаа интерес и беа дел од Конференцијата. Им благодариме на сите кои остварувајќи ја својата Визија се дел од нашата Визија - да внесеме позитивна промена во начинот на деловното работење и живеење.

Ве очекуваме на гостувањето на нови атрактивни говорници и познати светски гуруа од светот на бизнисот кои следат.

Продолжуваме понатаму - заедно...

Отворени обуки
Услуга кон клиентите
Продажни вештини
Герила маркетинг програм
Менаџмент
Комуникациски вештини
Финансии
Човечки ресурси
developed by ImaginativeAdvertising