
TSL Management Forum 2009
ИНОВАТИВНИ ВЕШТИНИ ЗА БИЗНИС УСОВРШУВАЊЕ
(30.10 - 01.11.2009)
Хотел Радика, Маврово
Ни претставува големо задоволство што во оваа прилика можеме да Ве поканиме да учествувате на Менаџмент форумот што во организација на Triple S Learning ќе биде одржан од 30 октомври до 01 ноември, во Маврово.
Цели на претстојниот форум
- селектирање на вистинските алатки за менаџмент, продажба и маркетинг кои водат кон бизнис усовршување
- подобрување на организациските процеси
- зголемениот личен развој на учесниците и ефикасноста на нивните тимови
- зголемениот раст на задоволство, мотивација и лојалност на членовите на тимот
Менаџментот е стремеж кон прогрес повеќе отколку кон перфекција. Откријте која е вистинската равенка за управување со капиталот и процесите. Дознајте зошто лидерството е клучната состојка за успех на бизнисот. Новата конкуренција, новите технологии и новиот животен стил бараат сосема нов менаџмент. Современите услови на работење од вас бараат да развиете вештини за адаптирање и управување со флуктуирачките фактори од кои зависи успехот. И уште повеќе - да градите, оптимизирате и унапредувате системи на луѓе и ресурси.
Слушнете ги новите пристапи во менаџментот и алатките кои се потврдени во праксата на успешните компании од Митко Керамитчиев во првиот ден од форумот (30 октомври - петок).
Дали некогаш сте се прашувале како непогрешливо да ги водите Вашиот маркетинг и продажба, како да придобиете повеќе купувачи, како да ги минимизирате инвестициите и воедно да го максимизирате Вашиот профит? Лиценцирани директно од Таткото на Герила маркетингот - господинот Jay Conrad Levinson, Ви ја претставуваме Герила Маркетинг Програмата. Оваа програма ги нуди решенијата на кои се изградени едни од најуспешните брендови во светот, брендови како Marlboro, Procter & Gamble, Apple, Visa, Adobe. Авторот на Герила маркетингот е човекот кој ги градел истите овие брендови, работејќи во најдобрите маркетинг агенции во светот - агенции како Leo Burnet и J. Walter Thompson.
Како лиценциран мастер тренер на Герила Маркетинг Програмата, Теодор Алексов ќе Ви помогне да ги остварите Вашите маркетинг и продажни цели (31 октомври - сабота).
Луѓето остануваат, а кризата заминува. Или обратно? Карактерот и длабината на кризата на сите ни ја потенцира фразата „луѓето се нашиот највреден ресурс”. Најголемото ограничување за растот и успехот на секоја компанија е нејзината способност да привлече и задржи квалитетни луѓе. Сите други ресурси се многу подостапни и релативно е полесно да се дојде до нив. Привлекување и задржување на добри луѓе е една од најважните деловни вештини на секој менаџер, можеби и најважната. Добрата вест е што и таа вештина може да ја научи секој, и од година во година да стане се подобар во препознавањето, евалуацијата и мотивирањето на квалитетните кадри. Со самото пронаоѓање на квалитетни луѓе и создавање на врвни тимови го остварувате својот полн потенцијал на успешен менаџер.
Директорот и консултант на Triple S Recruitment, Смиљка Шошкоска на несекојдневен начин ќе ги пренесе своите знаења во делот на човеки ресурси (01 ноември - недела).
Гостин спикер
На тема “Тајните за успех во услови на ограничени ресурси“ од сопственото успешно искуство, ќе зборува истакната личност од македонската бизнис елита г-динот Игор Милојевиќ, генерален менаџер на Делта Спорт Македонија (www.deltasport.com)
Локација
Планинскиот амбиент е место каде опуштеноста, комфорот и креативноста доминираат. Направете го тоа што одамна сте сакале да го направите. Придружете ни се во хотел Радика, во прекрасното Маврово и доживејте викенд исполнет со многу знаење, пријателства и забава.
* * *
Хотел Радика, а и самиот Мавровски предел, нудат можност за организирање на различни форми на дружење, networking и забава. Во рамки на вториот ден, согласно Вашите желби и преференции, предвидено е да се организираат рекреативни активности (посета на локални знаменитости, планинарење, дегустација на традиционално јадење и сл.).
| Прв ден (петок, 30.10.2009) | |
| Втор ден (сабота, 31.10.2009) | |
| Трет ден (недела, 01.11.2009) |
ЦЕНА (без пресметан ДДВ)
|
260 ЕУР (со вклучен попуст за учество и сместување)
|
175 ЕУР (за учество на форумот*)
(*сместувањето е во сопствена режија) |
|
ПОПУСТ: За тројца и повеќе учесници од иста група, се добива попуст од 10% (попустот важи за работниот дел (учеството) на Форумот)
Пријавете го Вашето учество на: 02 3112 048 или 071 386 971.
Се гледаме на Менаџмент форумот!
















