
Услуга кон пациентите во здравствени организации
Мисијата да се дарува здравје е предизвик и задоволство. Начинот на кој комуницирате со пациентите го олеснува тој процес. Стекнете ги вештините и техниките за успешно постапување во секоја интеракција со пациентите на кои особено им е потребно Вашето внимание.
Бидете лидери во оваа специфична дејност и понудете им го својот максимум на Вашите пациенти, понудете им грижа, позитивен однос, разбирање...
Дознајте како да понудите услуга за паметење...
“Испорачаната обука ги надмина нашите очекувања, а високо квалитетното знаење и практичноста на стекнатите вештини ќе бидат од голема помош во понатамошниот развој на Филип Втори како институција, како и во развојот на нејзините вработени.“
Специјална болница “Филип Втори“
Дел од она што ќе го научат учесниците:
- Запознавање со најважната личност на светот
- Принципи за услугата
- Aлатки и техники во услугата
- Комуникација со пациенти по телефон
- Појава на проблеми во комуникацијата и стратегии за решавање на проблемите
- Комуникациски вештини за справување со пациенти (Лекции од реалниот свет)
- Справување со секојдневниот стрес
Цели и придобивки од тренинг програмата:
- Дефинирање на вистинските принципи за незаборавна услуга
- Трајно придобивање на наклоноста од пациентот
- Унапредување на односот со пациентите
- Надминување на пречки и бариери во услугата
- Справување со стресни и конфликтни ситуации
Тренинг програмата е наменета за:
- Вработени на инфо деск (шалтери)
- Медицински сестри
- Доктори
- Административни работници
- Други вработени во здравствени организации
Контактирајте нè за дополнителни информации за изведба на обуката.
















