
Услуга во кафе барови
Просечниот македонски граѓанин, особено помладите генерации, барем три пати во неделата посетуваат одреден кафе бар. Ја имате ли контролата над нивниот избор? Колку се лојални Вашите клиенти и дали им се овозможува максимумот во однос на услугата?!
Запознајте се со принципите за испорачување на извонредна услуга, применете ги златните правила и овозможете им додадена вредност на своите гости. Бидете WOW и тие повторно ќе се враќаат кај вас.
“Услугата најчесто е клуч до успехот кога локацијата, цената и изборот на производи не се повеќе единствени.“
Harvey Gilbert
Дел од она што ќе го научат учесниците:
- Видови на барови
- Позиции на персонал
- Карактеристики на квалитетен келнер
- Испорачување на извонредна услуга
- Услуга – што да не правите
- Услуга со додадена вредност
- Факторот WOW
- Сугестивна продажба
- Примање на нарачка
- Справување со поплаки и тешки гости
- 10 златни правила
- Служење на кафе и чаеви
- Служење на алкохол
- Бармен – подготовка на најпознатите коктели
Цели и придобивки од тренинг програмата:
- Унапредување на стручните познавања на Вашиот персонал
- Примена на сугестивна продажба
- Разрешување на стресни и конфликтни ситуации
- Ефикасно работење во услови на гужва
- Овозможување на незаборавно искуство
Тренинг програмата е наменета за:
- Келнери
- Шанкери
- Шефови на смени
Контактирајте нè за дополнителни информации за изведба на обуката.
















