
Услуга во малопродажбата
Како Ве доживуваат Вашите купувачи? Што е пресудно за да купат од Вас? Дали ја знаете тајната на услугата ориентирана кон купувачите? Како до ЛОЈАЛНОСТ преку супериорна услуга? Научете ги вештините и техниките за успешно постапување во секоја интеракција со купувачот.
Обуката Услуга во малопродажбата се диференцира и се спроведува како засебна обука за следните бизниси:
- туристички агенции,
- хотели,
- бутици,
- спа центри.
Дознајте ги решенијата кои ги мотивираат купувачите повторно да се враќаат кај Вас.
“Доколку изградите позитивно искуство, купувачите ќе зборуваат помеѓу себе за тоа. Усното рекламирање е многу моќно.“
Jeff Bezos
Дел од она што ќе го научат учесниците:
- Тајни на услугата ориентирана
кон корисниците - Принципи на услугата
- Три фактори на услугата
- Комуникациски вештини за креирање на прв впечаток
- Комуникација со клиенти по телефон
- Техники за проширување на продажбата
- Техники за разрешување на проблеми во услугата
- Лојалност - последната граница
Цели и придобивки од тренинг програмата:
- Дефинирање на клиентот и технологијата на креирање на лојални клиенти
- Градење на вистински прв впечаток
- Зголемена продажба
- Компетентност за решавање на проблеми со клиентите
- Градење на лојалност
Тренинг програмата е наменета за:
- Продавачи во малопродажба
- Вработени на инфо деск
- Frontline вработени
- Секој што има контакт со клиентите
Контактирајте нè за дополнителни информации за изведба на обуката.
















