Страници за успех
Вашето име:
Вашиот e-mail:
Име на пријател:
E-mail на пријател:

Услуга во ресторани

Служењето во ресторани понекогаш е тешка работа, но наградата го надминува предизвикот. Едукацијата, тренингот и професионалниот однос се круцијални делови потребни да се ужува во успехот и да се почувствува наградата.

Материјата презентирана во рамки на тренинг програмот - УСЛУГА ВО РЕСТОРАНИ, ги покрива основните, но и напредните техники кои е потребно да се владеат за да се испорача супериорна услуга, а со тоа и изворедно купувачко искуство кое е основа за лојалност.

“За прв пат во Македонија еден специјализиран тренинг центар им излезе во пресрет на потребите за едукација во угостителството.“

Гостилница Лира

 

Дел од она што ќе го научат учесниците:

  • Персонал за служење
  • Видови на услуга и позиции на персонал
  • Прием на гости
  • Служење на маса
  • Примање и давање нарачки
  • Предлози за избор на јадење и сугестивна продажба
  • Пропратни обврски при служење
  • Познавање на менито
  • Служење на алкохолни пијалоци
  • Базинг – изглед и раскревање на маса
  • Хиегиена и безбедност на работно место
  • Улога на шефот на смена
  • Студии на случај

Цели и придобивки од тренинг програмата:

  • Унапредување на стручните познавања на Вашиот персонал
  • Примена на сугествина продажба
  • Правилно за служење на сите ставки од менито
  • Разрешување на стресни и конфликтни ситуации
  • Овозможување на незаборавно гурманско искуство

Тренинг програмата е наменета за:

  • Келнери
  • Шанкери
  • Готвачи
  • Шефови на смени
  • Сопственици на угостителски објекти

Контактирајте нè за дополнителни информации за изведба на обуката.

Отворени обуки
Услуга кон клиентите
Продажни вештини
Герила маркетинг програм
Менаџмент
Комуникациски вештини
Финансии
Човечки ресурси
developed by ImaginativeAdvertising