
За нас:
Triple S Learning
Triple S Learning е прв и единствен специјализиран тренинг центар во Македонија во областите на продажба, услуга и успех. Знаењето и методологијата кои се содржани во тренинг програмите, кои ги користат и светските лидерски компании, ги издвојува Triple S Learning како единствени и иновативни во современите услови на работење.
Тренинг програмите на Triple S Learning се персонализираат и приспособуваат на бизнис потребите на секој клиент. Обезбедуваат насоки, вештини и одговори за секојдневните ситуации, интеракции, можности, проблеми и предизвици на вработените.
Triple S Learning е компанија која успешно делува и во Србија, Хрватска и Словенија, каде се вбројува меѓу првите во индустријата на обуки, чии клиенти се најдобриите компании, кои нешто значат на пазарот.
Визија:
Triple S Learning ќе иницира промени и развој на луѓето, нивните компании и квалитетот на животот преку дизајнирање на современи тренинг програми и пренесување на технологиите на работење на светски најуспешните компании и поединци.
Мисија:
Да обезбедуваме информации и одговори од реалниот свет кои лесно се применуваат во практиката и се претвораат во пари.
Принципи:
Вработените на Triple S Learning ќе живеат според принципите содржани во тренинг програмите. Инкорпорирањето на филозофијата на тренинг програмите во секојдневното работење ќе допринесе за остварување на долгорочните цели.
















